Здружението за информирање, овозможување на соработка и помош на граѓаните БЕНЕФИТ ПЛУС – Скопје (Бенефит+) е невладина и непартиска организација основана во 2013 година формирана со слободно здружување на граѓаните заради вршење на дејности за информирање и промоција, остварување и унапредување на слободата и правдата, овозможување на соработка со најразлични здруженија, институции, организации и фирми како и помош при различни сфери на работа кои се домен на работа на здружението.
Цели и задачи на БЕНЕФИТ ПЛУС се:
• Истражувања од областа на информираноста и знаењето на граѓаните за нивните права и обврски и придонесување кон нивно зголемување;
• Поддршка на процесот за полесен пристап до информации и активен придонес кон истиот;
• Помош, насочување и давање на упатства на граѓаните за полесно заштитување на нивните права;
• Придонес кон процесот на хармонизација, усовршување и усогласување на македонското општество со европското;
• Промоција на различни дејности на граѓаните на Република Македонија кои би придонеле за нивно понатамошно стручно усовршување и развивање;
• Поддршка на членовите на здружението за полесно унапредување и усовршување во работењето;
• Унапредување на академската дејност и активен придонес кон можностите за соработка меѓу различните образовни институции од земјата и од странство;
• Соработка со сродни институции, организации, комори, здруженија и трговски друштва од Република Македонија како и од држави-членки на Европската унија и пошироко;
• Спроведување на обуки од областа на работа на здружението;
• Создавање на база на податоци и размена на податоците од базата на податоци на здружението;
• Градење на меѓународна препознатливост и впечатливост на Република Македонија и пошироко;
• Други задачи и цели кои го помагаат остварувањето на личните и заедничките интереси на ѓраѓаните, членовите како и странските лица, заради остварување на целите на здружувањето, а кои не се во спротивност со Уставот и законите.